Упис на СопственициОбврската за Упис на Вистински Сопственик/Сопственици во Регистарот на Вистински Сопственици истекува на 27.04.2021 година.

За брзо и лесно да извршите упис на сопствениците обратете ни се на телефон  075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk. За 1500 ден. ние ќе го спроведеме уписот во ваше име. (Запишувањето на вистинскиот сопственик можете да го извршите и самостојно но за тоа ќе ви биде потребен дигитален потпис и токен).

Предмет на упис во регистарот се вистинските (крајните) сопственици кои имаат контрола врз фирмата и приходите на дректен или индиректен начин. Дефиницијата за „Вистински сопственик” го опфаќа секое физичко лице (лица) кои се краен сопственик на субјектот или го контролираат субјектот и/или физичко лице (лица) во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице (лица) кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман.

За точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот се одговорни овластените лица на правните субјекти, а уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет, при што подносителите се идентификуваат и пријавите се потпишуваат со електронски потпис.

Во Регистарот се внесуваат податоци за сите постоечки субјекти иницијално, како и за сите настанати промени во сопственичката структура на субјектите. Сите уписи треба да се спроведат во законските рокови (8 дена од денот на основањето на субјектот и 8 дена од денот на промената на вистинскиот сопственик), при што таква можност за сите постоечки субјекти ќе се обезбеди и во рок од три месеци од моментот на воспоставувањето на Регистарот.

Подетални информации околу уписот на вистинските сопственици, нивна промена, обврзани субјекти, рокови како и за процедурата може да се информирате на 075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk.