Промена на адреса (или седиште) на фирма се врши од страна на овластен регистрационен агент кој електронски ја запишува промената во Централниот Регистар (ЦР).

За да ја започнете постапката за промена на седиштето на вашата фирма обратете ни се на телефон  075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk.

Постапката за промена на Адреса на фирма е следната:

  1. Регистрациониот агент ви помага да ги подгответе потребните документи и акти
  2. Регистрациониот агент ја подготвува, пополнува, извршува уплата и електронски ја поднесува пријавата за промена на седиште на фирма до ЦР.
  3. Централниот Регистар врши обработка на пријавата и го известува Регистрациониот агент во случај да се потребни дополнителни документи или корекција.
  4. По одобрување на пријавата, ЦР издава Решение за упис на новата адреса.
  5. Подигање на решение за промена на име (две опции): во електронска форма (кај регистрациониот агент) или во хартиена форма во ЦР

Документи кои се приложуваат кон пријавата за промена на седиште на фирма се:

  • Одлука за промена на седиште потпишана од основачот/основачите
  • Одлука за измена на изјавата/договорот за основање (во случај на промена на назив)
  • Договор/Изјава/Акт за основање на ДОО/ДООЕЛ (пречистен текст)
  • Документ за идентификација (за физички лица) /доказ за регистрација (за правни лица)
  • Изјава по член 32 од ЗТД
  • Други документи согласно позитивните законски одредби, во зависност од специфичниот случај.

За било какви прашања обратете ни се на:  075/638- 607  или на info@registrant.mk