Регистрацијата на фирма (ДОО, ДООЕЛ, ТП, АД) се врши преку овластен регистрационен агент (адвокат), кој електронски ги доставува потребните документи до Централен регистар.

За да ја започнете постапката за регистрација/основање на фирма обратете ни се на телефон  075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk.

 

Чекорите за регистрација на фирма се следните:

  1. Ги изготвуваме потребните документи и акти за основање на фирма (види подоле)
  2. Електронски ја поднесуваме пријавата за регистрација на фирма до ЦР
  3. Централниот Регистар ја прегледува пријавата и не известува за потребните корекции или дополни.
  4. По одобрување на пријавата, ЦР издава Решение за регистрација.
  5. Го подигате решението за регистрација на вашата фирма (две опции) во (1) електронска форма кај нас или во (2) хартиена форма во ЦР.

 

Документи потреби за регистрација на фирма се:

  • Договор/изјава за основање на фирма/друштво
  • Документ за идентификација (за физички лица) /доказ за регистрација (за правни лица)
  • Доказ за уплата на паричниот влог / Проценка и договор за непаричните влогови
  • Одлука за избор на управител
  • Изјава по член 183 од ЗТД од управителот на друштвото
  • Изјава по член 29 и 32 од ЗТД
  • Други документи согласно позитивните законски одредби, во зависност од специфичниот случај.

 

За било какви прашања обратете ни се на:  075/638- 607  или на info@registrant.mk

Лоцирани сме во центарот на градот,  во Бизнис центар Палома Бјанка na први кат, Локал бр. 7 (Ул. Васил Главинов Бр. 16 )