Промената на име на фирма и скратен назив на фирма се запишуваат во трговскиот регистар од страна на овластен регистрационен агент.
За да ја започнете постапката за промена на име на вашата фирма обратете ни се на телефон 075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk.
Чекорите за промена на Име на фирма се следните:
- Со помошна Регистрациониот агент, подгответе ги потребните документи и акти
- Регистрациониот агент ја подготвува, пополнува, извршува уплата и електронски ја поднесува пријавата за промена на име на фирма до ЦР.
- Централниот Регистар (ЦР) врши обработка на пријавата и го известува Регистрациониот агент во случај да се потребни дополнителни документи или корекција на поднесената пријава.
- По одобрување на пријавата, ЦР издава Решение за упис.
- Подигање на решение за промена на име (две опции): во електронска форма (кај регистрациониот агент) или во хартиена форма во ЦР
Кон пријавата за промена на име на фирма се приложуваат следните документи:
- Одлука за промена на назив / фирма потпишана од основачот/основачите
- Изјава по член 32 од ЗТД за промена на назив
- Одлука за измена на изјавата за основање (во случај на промена на назив)
- Договор/Изјава/Акт за основање на ДОО/ДООЕЛ (пречистен текст)
- Документ за идентификација (за физички лица) /доказ за регистрација (за правни лица)
- Други документи согласно позитивните законски одредби, во зависност од специфичниот случај.
За било какви прашања обратете ни се на: 075/638- 607 или на info@registrant.mk