Промената на управител (олвастено лице) и неговото овластување за застапување на друштвото и сите други промени кај правните лица се запишуваат во трговскиот регистар од страна на овластен регистрационен агент.
За да ја започнете постапката за промена на управител обратете ни се на телефон 075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk.
Кон пријавата за промена на управител се приложуваат следните документи:
– Одлука за отповикување и избор на управител
– Фотокопија од документ за идентификација (лична карта или пасош), за новиот управител
– Изјава по член 183 од ЗТД од нов управител
За ДОО (доколку во договорот за основање се содржани податоци за управителот):
– Одлука за измена на договорот за основање
– Пречистен текст на договорот за основање
– Изјава по член 32 од ЗТД
За ДООЕЛ (доколку во изјавата за основање се содржани податоци за управителот):
– Одлука за измена на изјавата за основање
– Пречистен текст на изјавата за основање
– Изјава по член 32 од ЗТД
За било какви прашања обратете ни се на: 075/638- 607 или на info@registrant.mk