За да ја започнете Постапката за Ликвидација обратете ни се на телефон  075/638- 607 или преку е-пошта на info@registrant.mk.

Постапката за Ликвидација на Фирма почнува по донесената одлука за ликвидација, при што управителот без одлагање, преку адвокат  – регистрационен агентмора да поднесе електронско барање  до Централниот регистар на Република Македонија (ЦРМ).

Барањето за ликвидација треба да содржи:
– пријава за додавање на наставка на постоечкото име на фирмата „-во ликвидација“, и
– пријава за именување на ликвидатор.

Потребни документи за пријавата заради упис на ликвидацијата се :
– Тековна состојба на фирмата
– Бонитетна состојба од депонентната банка
– Уверение за платени даноци и придонеси  од УЈП

Ликвидаторот составува биланс на состојбата според состојбата на денот на почетокот на отворањето на постапката за ликвидација (почетен биланс за отворање постапка за ликвидација) и извештај во којшто го објаснува билансот, како и извештај за работењето на друштвото во текот на годината за којашто се подготвува годишната сметка.

По добивањето на првото решение од ЦРМ, ликвидаторот има рок од 7 дена да објави оглас за ликвидација на веб страницата на  ЦРМ со кој се повикуваат доверителите да ги пријават своите побарувања во рок од 15 дена.

Постапката за ликвидација  продолжува, доколку по истекот на рокот за пријава на побарувањата се утврди дека нема пријавени побарувања на доверителите, ликвидаторот е должен во рок од три дена да поднесе пријава за бришење на трговското друштво од трговскиот регистар.

Ликвидаторот изјавува дека нема пријавено  доверители.

Содружниците донесуваат одлука за бришење фирмата и одлука за одобрување на работата на ликвидаторот.

До ЦРМ се доставува доказ за поднесена  годишна сметка за друштвото до објавата на ликвидацијата и повторно се вадат:

– Бонитетна состојба од депонентната банка
– Уверение за платени даноци и придонеси  од УЈП

 

За било какви прашања обратете ни се на:  075/638- 607  или на info@registrant.mk