Registrant.mk е овозможен од адвокат поединец, кој е Овластен Регистрационен Агент од страна на Централниот Регистар на Македонија.
Канцеларијата се наоѓа на пристапна локација во центарот на градот, во трговскиот центар Палома
Преку нас како Овластен Регистрационен Агент вие може да извршите:
- Поднесување на пријави за упис на основање, промена и бришење на фирма од трговскиот регистар.
- Плаќање на надомест за упис.
- Решенија за упис во електронска или хартиена форма
- При упис на основање, можност за пријавување на лицата овластени за застапување во задолжителното социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување).
Со измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Службен весник на Република Македонија бр.70/2013) е воведена нова категорија на подносител на пријави “регистрационен агент” во Единствениот Трговски регистар преку Системот за е-регистрација.
Со најновите измени на истиот закон (Службен весник на Република Македонија бр.97/2015) и измените на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр. 88/2015), проширен е опфатот на категоријата “регистрационен агент”, со воведување на адвокатите како овластени подносители на електронска пријава на упис на основање, промени и бришења преку Системот за е-регистрација.
За увид во сите услуги кои ги нудиме кликнете >>> тука <<<