Нашата канцеларија врши регистрација на црква, верска заедница и религиозна група кои што се запишуваат во Единствениот судски регистар на црквите, верските заедници и религиозните групи.
Со уписот истите се стекнуваат својство на правно лице и може да го проповедаат своето верскио учење.
При регистрација треба да одберете име и официјално обележје на вашата нова црква, верска заедница и религиозна група, кое што ќе се разликува од називите и официјалните обележја на веќе постоечките цркви, верски заедници и религиозни групи.

Исто така може да го користите и зборот “Македонија”, неговите изведенки, како и преводите на овој збор, потоа грбот и знамето на Република Македонија можат да се внесат во името и обележјата на црквите, верските заедници и религиозните групи на начин со кој се истакнува угледот и достоинството на Република Македонија, за тоа е потребна писмена согласност. Министерството за правда.

Барање за запишувањето на црква, верска заедница и религиозна група се поднесува до надлежниот регистар a кон барањето треба да се достават и следниве прилози:

– записник од одржано основачко собрание,
– акт за основање,
– акт со кој се уредува статусот, организацијата и дејствувањето,
– опис на изворите на учењето
– одлука за определување на лице овластено за застапување и претставување на црква, верска заедница и религиозна група и
– доказ за државјанство на основачите и лицето овластено да застапува и претставува црква, верска заедница и религиозна група.

 

Барање за запишување се поднесува во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката за основање.

Актот за основање од содржи:
– име и назив на црквата, верската заедница и религиозната група во Република Македонија,
– седиште и адреса на црквата, верската заедница и религиозната група во Република Македонија,
– опис на обележјата и ознаките што ќе ги употребува црквата, верската заедница и религиозната група,
– име и презиме на лицето кое е должно да поднесе барање за упис до надлежниот регистар,
– начин на изразување на верската припадност и извршувањето на религиозниот култ и
– финансирање на црквата, верската заедница и религиозната група и нивните составни делови и начин на вршење на надзор во финансиското и материјалното располагање со средствата.

Доколку ги исполнувате кумулативно сите условите утврдени со законот, регистарскиот суд е должен во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на вашето барањето да ја запише црквата, верската заедница и религиозната група во надлежниот регистар.

Во случај веќе регистрирана црква, верска заедница и религиозна група донесе одлука за престанок или бришење од регистарот, должни се тоа да го пријават до надлежниот суд заради бришење во надлежниот регистар.
Регистрирана црква, верска заедница и религиозна група сите промени во однос на елементите што се запишуваат во надлежниот регистар се должни да ги пријават до надлежниот суд во рок од 15 дена од настанувањето на промената.